Oтворен иновативен час на контроверзна тема

FotoJet 4

Нашето училиште активно се вклучи во реализација на проектот: „Наставници за едукација, демократија и права-Предавање на контроверзни теми во училница “. За таа цел, се реализираа неколку активности; пред сѐ, одговорната наставничка-Нарциса Блажевска изврши дисеминација на наставниот кадар – предметна настава. Потоа, со учениците од IX-1одд. реализираше отворен иновативен час на контроверзна тема: Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ воведување дигитални учебници во наставата?

Дел од учениците исто така зедоа учество во краткото видео снимено по повод одржување на конференцијата како завршен настан на проектот. Видеото може да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=BdsB8V9beys&t=1s

Ова се пораките што учениците ги напишаа по одржувањето на часот:

Што се контроверзни теми?

Тоа се теми што предизвикуваат дебата меѓу луѓето бидејќи имаат спротивставени мислења. Таа дебата може да е многу жестока, бидејќи секој со своја цел, би сакал да го истакне своето мислење околу дадената тема за тоа да биде прифатено како „точно“ и „правилно“. Секако, никој не треба да го прави тоа, бидејќи секој човек со себе носи свој став кој треба да биде почитуван од останатите, без разлика дали тие се сложуваат или не.

Андреј Јанковски и Никола Китановски, IX-1

Воведување дигитални учебници-за или против?

Според нас, дигитализацијата на наставата има добри и лоши страни, иако сметаме дека лошите страни доминираат. На пример, со воведување дигитални учебници се влошува видот кај учениците, сите родители немаат доволно средства и финансии да им обезбедат електронски уреди и интернет на своите деца.

Од друга страна, како добри страни би ги спомнале дека дигиталните учебници се попрактични („лесни за носење“), може да се зголеми големината на буквата, се троши помалку хартија-со што се зачувува и природата.

Ксантика Киркински и Ивана Митевска, IX-1

Slika 1

Slika 2

Slika 3

Slika 4

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.