По повод новогодишните и божиќните празници, нашето училиште ООУ "Круме Кепески" Кисела вода со поддршка од Француски институт https://www.ifs.mk/ организираше Божиќна прослава, проследена со рецитал,запознавање на традициите во Македонија како и во дел од франкофонските земји, китење елка, новогодишен базар, и спремање на новогодишни/коледарски пакетчиња.
Нашите вредни ученици исто така добија подароци.
На оваа наша манифестација беа присутни и ученици како и директорот на ООУ "Рајко Жинзифов"-Кисела Вода.