Домаќини на Општинскиот натпревар по англиски јазик

На 19.3.2022 година нашето училиште „Круме Кепески“ беше домаќин на општинскиот натпревар по англиски јазик во организација на ЕЛТАМ МК. На натпреварот учествуваа околу 420 ученици од V-IX одделение од 11 општини на град Скопје.

Меѓу другите, во организацијата и спроведувањето на натпреварот од нашето училиште беа вклучени и Стручниот актив по англиски јазик, како и наставничките: Гордана Арсовска, Наташа Јаковческа и Билјана Дивјакоска. Посебно им се заблагодаруваме на учениците-волонтери, кои со својата несебична и активна поддршка придонесоа за успешна реализација на натпреварот: Јована, Ана, Кристина и Ксантика од IX-1; Ѓорѓи Д. и Ѓорѓи Л, Петар и Димитар од IX-2; Мила, Анастасија, Ива, Дамјан, Михаил и Наум од IX-3; Нина од VIII-1; Ева, Ива, Сара и Магдалена од VII-3 и Дарија-наша поранешна ученичка.
Посебно задоволство ни претставува фактот дека учениците од нашето училиште постигнаа одлични резултати, и дури седум се пласираа за регионалниот натпревар. Честитки до сите!

Ова се нивните постигнувања:

Rezultati angliski natprevar

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.