Соработка на нашето училиште со училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ од с.Долно Количани

Соработка на нашето училиште со училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“

 

На ден 31.5.2022 година, нашето училиште во соработка со училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ од с. Долно Количани, реализира втора заедничка мултиетничка активност за оваа учебна година, на тема: „Пролет“.  Поради ситуацијата со пандемијата и почитување на протоколите, средбата се одржа преку Тимс.

Секој од претставниците на училиштата ги презентираше изработките на учениците кои беа вклучени во активноста. Учениците  изработија хамери, цртежи и песни на тема: „Пролет“,  изработки од овошје и зеленчук како и оригами изработени во разни цветови, дрва  итн. Во овие активности учество земаа сите наставници од прво до деветто одделение, кои како ментори ги организираа учениците за одредена активност. Изработките од секое одделение и наставникoт беа вметнати во презентација која беше презентирана на другарчињата од училиштето партнер и беше објаснет секој слајд од страна на учениците водители. Песните беа интерпретирани и на македонски и на турски јазик. Нашето училиште се претстави и со две  музички  точки. Едната од песните беше испеана на македонски и турски јазик под раководство на наставничката по музичко образование, а хорот беше придружен и од училишниот оркестар.

И учениците од партнерското училиште ја презентираа својата презентација, исто така се претставија со песни и цртежи изработени на двата јазика. Беше отпеана и песна на турски јазик која ја прочитаа преведена  и на македонски јазик Во активноста учествуваа наставниците одговорни за тимот на МИО од двете училишта, кои одлично ги искординираа учениците и активноста беше успешно реализирана. Иако во услови на пандемија, учениците и преку Тимс разменија свои искуства и знаења.

На крајот си посакавме добро здравје и желба следната година МИО активностите да се реализираат  во живо.

Одговорни наставници на тимот: Гордана Арсовска, Татјана Пеливанова, Антонела Анѓеловска, Соња Евгениевска.

Пауер-поинт презентацијата ја изработи Антонела Анѓеловска.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈАПОГЛЕДНИ ВИДЕО ПРЕЗЕНТАЦИЈА

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

vebsajt 11

Vebsajt9

Vebsajt1

Vebsajt2

Vebsajt3

Vebsajt4

Vebsajt5

Vebsajt7

Vebsajt6

Vebsajt8

Vebsajt 10

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.