По повод патрониот празник на нашето училиште на ден 08.04.2021 се одржа онлине приредба со учениците од шесто до деветто одделение.

Со презентација во соработка со наставничката по македонски јазик м-р Татјана Пеливанова, а во изведба на учениците, се направи осврт на животот, делото и големината на Круме Кепески во градењето на македонскиот литературен јазик. Нашите ученици од литературната секција под менторство на наставничките по македонски јазик Татјана Пеливанова, Валентина Т. Стаматовска и Билјана С.Дивјакоска, ја збогатија приредбата со своите поетски творби на тема „ Делото на Круме Кепески – патоказ за вечноста на јазикот“. Со звуците на музичките изведби на учениците од оркестарот на нашето училиште, а под менторство на наставничката по музичко образование Гордана Арсовска, дополнително беше даден празничен звук во одбележувањето на патрониот празник.

Patronat 2

Patronat 1

Patronat 3

Patronat 4

Patronat 5

Patronat 6

Patronat 8

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.