На ден 7.12.2021 година, нашето училиште во соработка со училиштето ,,Мустафа Кемал Ататурк” од с. Долно Количани, реализира прва заедничка мултиетничка активност за оваа учебна година, на тема: Екологија. Поради ситуацијата со пандемијата и почитување на протоколите, средбата се одржа преку Тимс.
Секој од претставниците на училиштата ги презентираше изработките на учениците кои беа вклучени во активноста. Учениците изработија еколошки пораки, цртежи и песни на тема: Екологија, изработки од овошје и зеленчук, истражувања поврзани со потеклото на поимот екологија и историјат за екологијата. Во овие активности учество земаа сите наставници од прво до деветто одделение, кои како ментори ги организираа учениците за одредена активност.
Изработките од секое одделение и наставник беа вметнати во презентација која беше презентирана на другарчињата од училиштето партнер и беше објаснет секој слајд од страна на учениците водители. Песните беа интерпретирани и на македонски и на турски јазик. Нашето училиште се претстави и со музичка точка која беше испеана на македонски и турски јазик под раководство на наставничката по музичко образование, а хорот беше придружен и од училишниот оркестар.
И учениците од партнерското училиште ја презентираа својата презентација, исто така се претставија со песни и цртежи изработени на двата јазика. Во активноста учествуваа наставниците одговорни за тимот на МИО од двете училишта, кои одлично ги искординираа учениците и активноста беше успешно реализирана. Иако во услови на пандемија, учениците и преку Тимс разменија свои искуства и знаења.
На крајот си посакавме добро здравје и желба следната МИО активност да ја реализираме во живо.
Тим: Гордана Арсовска, Татјана Пеливанова, Андријана Анчевска
ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НА ОВОЈ ЛИНК