🌿 Уште една успешно реализирана работилница на тема: Техники за трансформација на био-отпадот 🌍
Учениците од ОOУ Круме Кепески од општина Кисела Вода учествуваа во интерактивна работилница во Био-технолошката лабораторија на СУГС „Марија Кири - Склодовска“ - Скопје, како дел од проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“.
👩🔬 Учениците од VII до IX одделение, заедно со своите наставници по природни науки Славица Велкова Тимова и Билјана Милутиноска, имаа можност преку демонстративни експерименти да научат како органскиот отпад од домаќинствата може да се преработи во корисни производи за фармацијата, козметиката и прехранбената индустрија. Работилницата им овозможи на младите да се запознаат со концептите на циркуларна економија и зелено претприемништво, охрабрувајќи ги да размислуваат за одржливи решенија и можности за нивниот иден професионален развој.
🔄 Овој едукативен настан беше инспирација за учениците да размислуваат како отпадот може да стане ресурс и да се искористи во создавање на одржлива зелена иднина. Преку практични активности, тие стекнаа нови вештини и знаења за одговорно управување со отпадот, што ќе придонесе за развивање на еколошка свест и активен граѓански ангажман.
Проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика Мобилитас и се спроведува од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија во партнерство со Еко Логик и Флорозон Центар за еколошка демократија.