Училиштето се наоѓа во општината Кисела Вода во урбана локална средина. Има две згради, централно и подрачно училиште. Двете згради се од тврда градба, а подрачното училиште е подоцна изградено. Двете згради располагаат со добри просторни можности. Во централното училиште учат ученици од прво до осмо одделение, а има и целодневна настава, додека во подрачното учат ученици од прво до четврто одделение.

Во централното училиште има и училници и кабинети во кои се изведува наставата. Сите училници се реновирани, реновирана е и фискултурната сала. Санитарните простории оваа година се реновирани од страна на општината Кисела Вода.

Училиштето има свој грб, мото, мисија, визија и го следи трендот за што поголема посета на учениците на театар, кино, научни институции и други установи.

Во училиштето има 24 часовен интернет и своја интернет страница.

Стручната литература и наставните помагала со кои располага училиштето секојдневно се збогатуваат со нови. Така, училишната библиотека има околу 9500 книги, а во неа членуваат 672 члена.

Наставниот кадар е со ВСС и ВШС, со соодветни квалификации и стручност. Некои од одделенските наставници завршија дообразување на Педагошкиот факултет. Има и такви кои одбраниле магистратура. По националност најзастапени во колективот се Македонците. Постои желба за размена на искуствата и помош меѓу вработените, а особено е развиена соработката со педагошко-психолошката служба.

Работата на наставниците ја оценува директорот преку следење на планирањата, дневните подготовки и посета на часови. Од анкетата за родителите се покажува дека е висока оценката за работата на наставниците, за коректниот однос и пристап кон нивните деца.

Кај наставниците постои интерес и потреба за професионален развој. Како поддршка на наставниот кадар во подобрувањето на своите стручни способности, училиштето презема активности за следење семинари, учество на обука за примена на компјутерска технологија во наставата, учество во проекти. Наведените активности се организирани од МОН, Бирото за развој на образованието, УСАИД.

Наставниците - приправници поддршка добиваат од ментор, кој се предлага на Наставнички совет. Работата на наставникот - приправник е следена од директорот, стручната служба и менторот. Приправникот се оспособува за самостојно водење на образовниот процес преку совладување на соодветната програма за стручен испит спроведен од МОН на предлог на Бирото за развој на образованието.

Во училиштето има вкупно 60 вработени.

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.