Сензорната соба во ООУ „Круме Кепески” – Кисела Вода, Скопје е со површина од 50 м2 и истата претходно беше училница во која имаше влага
и не беше за употреба.
На иницијатива на Училишниот инклузивен тим, во соработка со Фондацијата за културни и образовни иницијативи „Чекор по чекор” на кои сме им посебно благодарни за донацијата на целата опрема во сензорната соба, а поддржана од Советот на родители, се започна со собирање на средства за санација на училницата со цел истата да се пренамени во сензорна соба.
Со донации во пресрет ни излегоа:
- Фондацијата за културни и образовни иницијативи „Чекор по чекор”
- Царинска управа на Република Северна Македонија
- Совет на родители (родителите преку организирање на Новогодишен базар каде се собраа дел од сретствата, и преку донации од учениците).
- ХАБ Скопје
- Копиер Плус ДООЕЛ
- Друштво за интелектуални услуги СТАР-ДТ
- КНАУФ ДООЕЛ – Скопје
- ДПТУ Електро Ме-На ДООЕЛ- Скопје
- Елена Лука
Голема благодарност до сите кои ни излегоа во пресрет со донации и кои
го подржаа проектот и без чија помош немаше да успееме.