Круме КЕПЕСКИ

Круме КЕПЕСКИ, (Прилеп, 1909-1988) – македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби. Првата Македонска граматика професорот Круме Кепески ја објавил на 26. 0  1.1946 (второ издание, Скопје, 1947 и трето проширено издание, Скопје, 1950). Граматиката по својот карактер била општа, иако одобрена со решение на Министерството за народна просвета на Македонија како учебник во средните училишта, наменета e и за администрацијата и пошироката популација. Со граматиката за прв пат светската јавност се запознава со структурата на македонскиот јазик и има огромна културна улога. Автор е на Македонска граматика за VII одделение и III клас, учебниците: Поуки за јазикот за VI, VII VIII одделение (повеќе изданија), Граматиката за VII одделение (повеќе изданија), Граматика на македонскиот литературен јазик за училиштата од II степен, односно за средно образование (повеќе изданија) и Ромска граматика во коавторство со Шаип Јусуф.

Тој е автор на терминологијата во медицинските, економските и правните науки. Познат е како преведувач на голем број литературни дела, меѓу кои: Ревизор и Тарас Буљба од Николај В. Гогољ, Басни од Лафонтен, Маски од Тоне Селишкар, Приказни од старо време од Ивана Брлиќ Мажураниќ и други. Постхумно се објавени книгите Прилепскиот говор (1993), Островот бил парче земја фрлен во вода (1994), Книга за Круме Кепески (1999) и Од нашиот речник (2007).

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.