По повод патрониот празник на нашето училиште, се одржа приредба во училишниот двор во која учествуваа ученици од I до IX одделение. Приредбата почна со химната на училиштето, па присутните беа запознаени со животот и делото на професорот Круме Кепески, авторот на првата македонска граматика. Истовремено приредба се одржа и во подрачното училиште ООУ,, Круме Кепески "
Следуваа музички точки спремени од ученици од различни паралелки, се рецитираа лични творби по македонски, англиски и француски јазик. Истовремено Патронатот се одбележа и во подрачното училиште.
Беа доделени и дипломи на учениците учесници на литературниот конкурс на тема „Чудесниот детски свет“.
Погледнете дел од атмосферата во училиштата.
ПРИРЕДБА ПРВ ДЕЛ 👇
ПРИРЕДБА ВТОР ДЕЛ 👇
ПРИРЕДБА ТРЕТ ДЕЛ 👇
ПРИРЕДБА ЧЕТВРТИ ДЕЛ 👇