Уживајте во детскиот свет бидејќи тој е сладок како мед!

Во светот има различни деца по боја, вера, националност, но сепак сите деца се исти – со чисто срце и искрена насмевка и што е најважно, сите имаат еднакви права. Детскиот свет е исполнет со смеа, радост и дружба.

По повод одбележување на Детската недела, почетокот на истата го започнавме со читање на Детските права на Одделенски час, а потоа учениците заедно со нас наставниците, во текот на целата недела направивме интересни активности преку кои учениците се запознаа со светот околу
нив и со своите права. Крајот на Детската недела го одбележавме со свечена приредба за Прием на првачињата во Детската организација.
Приредбата ја завршивме со порака до сите деца на овој свет:
ЖИВЕЈТЕ СРЕЌНО И ВЕСЕЛО, ИМАЈТЕ БЕЗГРИЖНО ДЕТСТВО, УЖИВАЈТЕ ВО ДЕТСКИОТ СВЕТ БИДЕЈЌИ ТОЈ Е СЛАДОК КАКО МЕД!

Ова се активностите преку кои ја одбележавме Детската недела:
на ден 2.10.2023 год. (понеделник)
I-1 одд. – интерактивна работилница на англиски и македонски јазик и изработка на хамер за
запознавање со Детските права со одделенскиот раководител Елена Таневска и наставничката по
англиски јазик Марија Дамчевска Ристевска
I-3 одд. – ликовна работилница под мотото „Јас и светот околу мене“ со одделенските
раководители Даниела Велковска и Ирена Павлоска
I-4 одд. – ликовна работлиница со одделенскиот раководител Лиле Јованчева
II-1 одд. – ликовна работилница со одделенскиот раководител Стојна Живиќ
II-2 одд. – ликовна работилница и изработка на хамер за запознавање со Детските права со
одделенските раководители Ирена Костадинова и Симона Тодоровска
II-4 одд. – пишување и читање на Детските права со одделенскиот раководител Наташа НаџаковаНумановиќ
на ден 3.10.2023 год. (вторник)
III-1 одд. – интерактивна работилница со одделенскиот раководител Антоанела Анѓеловска под
мотото „Јас и светот околу мене“ во која учениците се поделени во две групи и имаа задача да
нацртаат момче или девојче на грбот на своето другарче и по чувство истото да го пренесат еден
на друг на лист хартија без вербална комуникација
III-2 одд. – ликовна работилница со одделенските раководители Зорица Симоновска Глигорова и
Петранка Ристевска
III-4 одд. - ликовна работилница со одделенскиот раководител Наталија Николовска
на ден 4.10.2023 год. (среда)
IV-1 одд. – изработка на дрво со Детските права со одделенскиот раководител Марина КрстевскаАнгелова
IV-2 одд. – изработка на хамер со одделенскиот раководител Маја Саздовска
IV-3 одд. – изработка на хамер со знамиња од повеќе држави во светот со одделенскиот
раководител Горица Стојанова
на ден 5.10.2023 год. (четврток)
IV-4 одд. – ликовна работилница со одделенскиот раководител Билјана Пешевска Апостоловска
V-4 одд. – ликовна работилница со одделенскиот раководител Лидија Велковска

на ден 6.10.2023 год. (петок)
Затворање на Детската недела со свечена приредба за прием на првачињата во Детската
организација. Оваа манифестација беше организирана во холот на училиштето и водители на
истата беа Снежана Ралевска и Бојана Павелвска од VII-1 одд. под менторство на наставничката
по македонски јазик Татјана Пеливанова. На приредбата учество зедоа: хорот на училиштето под
менторство на наставничката Гордана Арсовска, учениците Калина Ѓуревска од IV-1 одд. и Давид
Јакимовски од IV-2 одд. со рецитација на песни на англиски јазик под менторство на наставничката
по англиски јазик Марија Дамчевска Ристевска, ученикот Захар Пантелеев од II-1 одд. со
рецитација на руски јазик и Магдалена Радевска од II-1 одд. со рецитација на кинески јазик под
менторство на наставничката Стојна Живиќ, а со ритмички точки се претставија учениците од II-2
одд.под менторство на наставничките Ирена Костадинова и Симона Тодоровска, III-2 одд. под
менторство на наставничките Зорица Симоновска Глигорова и Петранка Ристевска и III-3 одд. под
менторство на наставничките Сузана Ангелова и Соња Спасовска. Приредбата ја затворивме со
полагање заклетва за влез на првачињата во Детската организација


viber image 2023 10 06 13 00 35 298

viber image 2023 10 06 13 00 36 799

viber image 2023 10 06 13 00 37 035

viber image 2023 10 06 13 00 37 351

viber image 2023 10 06 13 00 37 872

viber image 2023 10 06 13 00 37 583

viber image 2023 10 06 13 00 38 146

q6

q9

viber image 2023 10 06 13 00 38 417

viber image 2023 10 06 13 00 38 618

viber image 2023 10 06 13 00 39 491

q1

q2

q3

viber image 2023 10 06 13 00 40 052

viber image 2023 10 06 13 00 40 268

q7

q8

viber image 2023 10 06 13 01 07 253

viber image 2023 10 06 13 01 07 269

viber image 2023 10 06 13 01 10 581

viber image 2023 10 06 13 01 12 875

viber image 2023 10 06 13 01 13 642

q4

q5

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.