Пред 79 години, на 13 ноември 1944 година Скопје ја дочека слободата. Борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада тој ден го ослободија Скопје од фашистичката окупација.
„Од тој ден, Скопје, пулсира како слободен град и се движи по патеката на својот постојан развој. Затоа и денес, го прославуваме денот на ослободување на Скопје.
Оддаваме почит на сите кои ги дале животите за самостојна Република Македонија и благодарност кон сите што својата младост ја положиле во ослободувањето од фашистичката окупација, но и на сите ослободители кои не го дочекале остварувањето на вековните идеали.“
„Ослободувањето на Скопје и на Македонија е дело на македонската војска и на македонскиот народ. Слободата и државата никој не ни ја подари, сами ја извојувавме и создадовме. Затоа, единствени и сплотени наш аманет е да ја браниме и сочуваме.
ПРИРЕДБА ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ
ПРИРЕДБА ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ ВТОР ДЕЛ
ПРИРЕДВА ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ ТРЕТ ДЕЛ
ПРИРЕДБА ПО ПОВОД 13 НОЕМВРИ ЧЕТВРТИ ДЕЛ