По повод 1 Април денот на шегата во училишниот двор, како во централното така и во подрачното училиште, се организираше хепенинг на кој учествуваа наши ученици од сите возрасти со своите маски и целиот настан беше пропратен со музика. Детски насмевки и радости насекаде и стотина интересни и креативни маски. Благодарност до сите ученици, наставници и родители за нивното залагање во изработените маски и во подготвувањето на кореографијата.
*** Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од OOУ „Круме Кепески“