На ден 06.06 .2024 година, нашето училиште во соработка со училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ од с. Долно Количани, реализира заеднички активности, на тема: „Народна традиција – народни музички инструменти, Народни носии .
Учениците изработија Power Point презентација за народната традиција, народните музички инструменти и народните носии која беше презентирана пред учениците. Заеднички ги цртаа народните инструменти народните носии во координација со наставничката по музичко Гордана Арсовска и Шенај Османова.
Родителите кои беа вклучени во оваа средба изработија колачиња - крофнички кои беа со македонското и турското знаме и им ги подарија на партнер-училиштето, исто така им подарија икебана изработена од родител и стихозбирка од Лео Миновски и стихозбирка за Круме Кепески.
Посетата беше збогатена и со учество на спортски натпревар во фудбал за машки. Се играше турнир помеѓу училиштата „Војдан Чернодрински“ ,„Гоце Делчев“ и „Мустафа Кемал Ататурк“со што нашето училиште го освои првото место. Нашиот фудбалски тим беше под менторство на наставникот Горан Андоновски. Негови помошници беа помладите колеги по физичко Оливер Тасков и Стефан Пецевски. На сите тимови во фудбал им доделија топки и за најдобар играч на турнирот беше прогласен Матеј Ивановски од 9-3 одделение. Нашиот тим го бодреа со активно навивање учениците кои беа дојдени.
Се дружеа и во библиотеката каде ги разгледуваа книгите на турски јазик. Дебатираа за народната традиција со наставничката Радмила Чипан.
По натпреварот учениците се дружеа и беа почестени со храна и сокови. Дружбата беше збогатена со заедничка дружба во која учениците слушаа македонска и турска музика, играа ора си разменија електронски контакти. Беа презадоволни сите и не сакаа да си одат.
Во посетата присуствуваа наставници одговорни за тимот на МИО од двете училишта, кои одлично ги искординираа учениците.
На крајот си посакавме добро здравје и желба за следна заедничка средба во наредната учебна година.