Во нашето училиште во месец април беа реализирани низа работилници за подигнување на свесноста за прифаќање на аутизмот, во соработка со ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“, под мотото „Обој го светот со добрина“. Со активностите беа опфатени сите паралелки каде поддршка даваат образовни асистенти I-1, I-4, II-1, III-1, III-4, IV-1, IV-4, VI-3, VI-4.
Дел од активностите беа:
-„Добрината на дело“;
-Дрво на добрината“;
-„Сензорно славење -Свет со бои“;
-„Нараквици на пријателството“;
-„Отпечатоци на инклузија“;
-„Носи боја, сподели добрина“;
-„Верижна реакција на добрина“.
































