Во нашето училиште беше одбележан 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје. Ученици од литературната, рецитаторската и драмската секција, под менторство на Татјана, Пеливанова, Валентина Стаматовска и Билјана Дивјакоска, ги интерпретира литературните творби посветени на Скопје и на празникот 13 Ноември.
Приредбата започна со кус реферат подготвен од историската секција под менторство на наставникот Слободан Трајковски.
На крајот приредбата беше заокружена со музички нумери и се истакна хорот на „Круме Кепески“ предводени од наставничката по музичко Гордана Арсовска.