Во пресрет на меѓународниот ден на лицата со попреченост 03.12, се организираше есенска работилница со учениците од II-1 одделение заедно со нивните родители под мотото ,,Заедно можеме многу,, на тема ,,Шумски животни од природни материјали,,
Работилницата беше водена од одделенскиот наставник Антоанела Анѓеловска и образовниот асистент Марија Петрушева.
Учениците и нивните родители направија прекрасни изработки од материјали кои ги наоѓале во природата, а се типични за есента и есенскиот период кој сеуште е во ек. Во прилог може да ги погледнете сликите од нивната заедничка дружба.