Им благодариме на луѓето од Царинската управа за поддршката и одвоените средства за реализација на една од нашите клучни цели.

  Традиционално, Царинската управа секоја година организира хуманитарна акција, при што вработените ја покажуваат својата солидарност и хуманост со одвојување на средства за реализација на една од нашите клучни вредности - општествената одговорност.

 За таа цел, оваа година одлучивме хуманитарните средства да ги донираме на ООУ Круме Кепески во Скопје за реконструкција на просторија која ќе биде опремена како сензорна соба со што ќе се овозможи дечињата со попреченост да имаат свое катче во кое ќе се чувствуваат сигурно и среќно. Во сензорната соба преку соодветна опрема децата ќе можат да ги истражуваат и развиваат своите сензорни вештини и да ги стимулираат сите сетила, со што полесно ќе се интегрираат во опкружувањето.

Хуманоста и дарувањето не поврзуваат и не прават подобри.

322492762 882544322932485 7302764870595559233 n

322960241 472620238378494 9077350875252470177 n

323097580 1335013433941762 6594796311061312028 n

322900635 916060496228072 3827468520721934385 n

321960451 833566754423473 8276126036514491834 n

 

 

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.