По повод Денот на народното востание, 11 Октомври, им оддадовме почит на храбрите партизани кои се жртвуваа за нашата слобода и државност.
Тие ни порачаа: „Запомнете и не заборавајте за што се боревме бидејќи вашата слобода ја плативме со нашите животи. Темелите на оваа држава се илинденски и антифашистички и оној момент кога тоа би го заборавиле, тогаш самите би работеле на уривање на единственото место на светот кое можеме да го наречеме свој дом“.
Со песни од хорот на училиштето и лични творби на учениците го разгоревме вечниот пламен на слободата во нашите детски срца.
Слободата е светлина. Создавањето држава е светост. Независноста е најголемата придобивка, да ја чуваме Македонија како црнката во окото зашто таа ни е сè што имаме.
Порачуваме: Ние сме сите Македонија!
Нека е за многу години Денот на народното востание!
Да живее Република Македонија!
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВИДЕА ОД НАСТАПИТЕ НА УЧЕНИЦИ
ВИДЕО 1
ВИДЕО 2
ВИДЕО 3
ВИДЕО 4
ВИДЕО 5