На 21.2.2023 година, се одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичката и културната разновидност и повеќејазичност.
За прв пат, овој проект се реализираше на 21 февруари 2007 во ООУ „Св.Климент Охридски” на иницијатива на советниците од Општина Кисела Вода и Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт, и благодарение на заедничката соработка со основните училишта, Проектот успешно се реализира 16 години.

Под менторство на градоначалникот г. Орце Ѓорѓиевски, Секторот за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт при општина Кисела Вода во соработка со основните училишта по 16-ти пат свечено го одбележаа Денот на мајчиниот јазик со распишување на јавен литературен и ликовен конкурс на тема: „Јазикот е нашата татковина – Блаже Конески“.

На конкурсот активно учество зедоа учениците од основните училишта од Општината поделени во две категории.
Прва категорија од 1 до 5 одделение и
Втора категорија од 6 до 9 одделение.

I Место ООУ ,,Круме Кепески“ – Ученик: Нина Алексовска V–1 ментор: Елена Петровски
III Место ООУ ,, Круме Кепески “ - Ученик : Лео Миновски IX - 2 ментор: Татјана Пеливанова
Манифестацијата ја водеа ученичките Анастасија Аракси Саркисиан 9-2 и Матеа Смилковска 9-4, под менторство на наставничката Татјана Пеливанова.

334905914 724071275865419 3469706264752024326 n

334250684 875375670221838 4818424382126424323 n

334898133 563439869074920 2502159437703791762 n

334882143 495886062756715 3607256830546664360 n

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.