Прекрасно поминат ден исполнет со приредба, едукативни и интересни активности по повод 7 Април-Денот на здравјето во заедничка дружба со почесни гости од Битолската млекара кои преку своја презентација ни го покажаа процесот на добивање на млекото. Насмеани, среќни и задоволни лица на учениците од трето одделение со желба за понатамошна соработка и дружба во нивната млекара во Битола.