Учениците од IV-1, IV-2 и IV-3 одд., заедно со нивната наставничка по англиски јазик - Марија Дамчевска Ристевска имаа наставен час на кој разговараа за различните мислења и стереотипи кои луѓето ги имаат за машкиот и женскиот пол и дискутираа за тоа како може тие да бидат надминати. На крај донесоа заклучок дека не постојат машки и женски бои или машки и женски професии. Сите луѓе се еднакви. Своите размислувања за надминување на стереотипите ги прикажаа со цртеж преку работа во групи.