Сензорната игра е многу важна за сите деца во многу фази од развојот. Учениците од 1-1 одд. на часот по англиски јазик изработуваа сензорни ќеси и на забавен начин преку игра го повторуваа вокабуларот за детски играчки. Сензорните ќеси им дозволуваат на децата да истражуваат, откриваат, замислуваат, креираат и учат преку вклучување на нивните сетила.
Наставник по англиски јазик: Марија Дамчевска Ристевска
Специјален едукатор и рехабилитатор: Лидија Петровска
Образовен асистент: Бојан Грујевски