Учениците од I-2 одделение заедно со одделенскиот наставник Ирена Костадинова преку креативна игра ,,Весели форми” и употреба на дидактичките материјали изработени од вредните рачиња на поголемите другарчиња од VI,VII,VIII одделение ги совладаа 2Д и 3Д формите. Голема благодарност до сите ученици кои придонесоа за изработка на дидактички средства како и на одговорните наставници Горица Стојанова,Марија Дамчевска Ристевска и дефектологот Лидија Петровска.