Во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести денеска учениците од II-2 преку учество во проектот,,Училница со ретка добрина” го обележија Светскиот ден на ретките болести.
Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој луѓето со ретки болести го викаат „свој", месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и се обидивме да се запознаеме со ретките болести. Активноста започна со дискусија за ретките болести (Што знаете за ретките болести, дали знаете некоја ретка болест).
По разговорот следеше кратка презентација и видео за Албинизам.Учениците беа запознаени со поимот ,причина за настанување, како се пренесува болеста, кои се типови на албинизам и нивните карактеристики.
По завршување на презентацијата учениците кажуваа што научиле.Учениците изработија цртежи и хамер под мотото ,,Љубов без граници”.Хамерот беше презентиран пред учениците од другото одделение и изложен во училишниот хол.