2 Април е Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот - ден кој нè потсетува дека околу нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и да им одземеме од времето и просторот кои им се потребни, интеграцијата и инклузијата.
Претставници од сите генерации во нашето училиште учествуваа во различни креативни работилници и активности преку кои сакаат да ја разбудат свеста кај нашите сограѓани и заедно да се разбудиме во едно подобро, пофункционално и похумано општество.
Посебно сме горди на учениците од 9-1 одд. кои сами осмислија спортски активности и се дружеа заедно со учениците од ОУРЦ ,, Д-р Златан Сремец" при посета на нивното училиште кое беше домаќин за време на неделата со настани посветени на подигнување свесност за аутизмот. Во продолжение погледнете дел од активностите со кои го одбележавме 2-ри април Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот.