Ученици од 6-9то одделение од нашето училиште, заедно со 3 наставници и специјален едукатор и рехабилитатор учествуваа на тридневна обука на тема:„Градење доверба и зајакнување на дијалогот помеѓу младите и наставниците“во Крушево. Учениците активно учествуваа во обуката, работеа тимски и преку работилници осознаваа за превенција на насилство во училишна средина. Ова беше третиот дел од проектот- Healthy Me, во организација на СУНА Хелти Лајф- Скопје.