По 17-ти пат по повод „Денот на мајчиниот јазик“на 21 февруари 2024 година во Домот на културата „Билјана Беличанец“ беше одржана манифестација во која како водители се претставија нашите ученици Снежана Ралевска 7-1 одделение и Огнен Велјановски 9-2 одделение.
На конкурсот кој беше распишан од страна на Секторот за образование, предучилишно воспитание, култура и спорт на Општина Кисела Вода на тема: „Македонскиот јазик клокоти се лее, секој мајчин збор душа грее“, зедоа учество и ученици од нашето училиште.
Наградени беа следниве ученици: Матеј Цветановски 3-2 одделение со втора награда за својата поетска творба под менторство на наставничките Петранка Ристевска и Зорица С. Глигорова, Лука Миновски 6-1 одделение со трета награда за својата поетска творба под менторство на професорката по македонски јазик Татјана Пеливанова, Михаела Коцева 2-4 одделение со втора награда за својата ликовна творба под менторство на наставничката Наташа Наџакова - Нумановиќ.
Манифестацијата беше затворена од страна на нашите ученици водители со најава на последните две точки. Дел од хорот и оркестарот на училиштето под менторство на професорката Гордана Арсовска се претставија со изведба на песната „Јовано Јованке“ како и со ритмичката точка на песничката „Азбука“ во која учествуваа ученичките од трето одделение под менторство на нивните наставнички Антоанела Анѓеловска , Зорица С. Глигорова , Петранка Ристевска , Соња Спасовска и Сузана Ангелова.