На 20.3.2024 год. ученици од осмо и деветто одделение заедно со своите одделенски раководители присуствуваа на Форум театар во Домот на култура ,,Билјана Беличанец" на тема ,,Врсничко насилство" кој е дел од проектот ,,Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и справување со насилен екстремизам во С. Македонија" финансиран од ЕУ, спроведуван од Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе и Здружението за поддршка и развој "Хуманост" во партнерство со општините Кисела Вода, Гази Баба и Куманово.
Учениците со своето учество во Форум театарот покажаа проактивност и одговорност во справувањето со врсничкото насилство.