По повод 5 октомври, Меѓународниот ден на наставникот, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода се одржа манифестација на која се одржа приредба во изведба на ученици од нашето училиште .
Целта е да се уважи работата на наставниците и истата да ја прикаже како една од најважните за севкупниот развој на општеството. Во рамките на денешното одбележување, беа доделени награди на 33 просветни работници од основните училишта на општината.
Ова признание е доделено на одделенски наставници, предметни наставници и стручни соработници кои ги исполнуваа зададените критериуми на распишаниот конкурс и покажале особена посветеност во својата работа со учениците.
Сето тоа беше проследено со настапи на учениците од нашето училиште како и музички точки.