Сите знаеме колку се здравјето и среќата важни за секојдневието. Учениците од петто одделение преку танцување, игра, драматизација, рецитал и забава покажаа што треба да правиме за да бидеме здрави и среќни. Голема чест беше цело свое знаење да го споделат со дечињата од градинката 8- ми Март. Благодарност и до фабриката Виталиа и Црвен Крст на Кисела Вода кои ја прифатија нашата покана и беа дел од овој настан.






















