По повод месецот на франкофонијата нашето училиште учествуваше на неколку франкофонски настани .
Еден од нив беше Саемот на франкофонските држави, организиран од страна на Градоначалник Бети Стаменкоска Трајкоска, општина Кисела Вода, Амбасада на Р.Франција и Француски институт во Скопје - Institut français de Skopje.
Преку богата презентација на културата, традицијата и гастрономијата на франкофонските држави, имаше можност да се запознае дел од франкофонскиот свет, да се вкусат традиционални специјалитети и да се научат интересни факти за различни земји, каде што се зборува францускиот јазик.
Нашето училиште ја претставуваше Швајцарија која е земја каде се зборуваат повеќе јазиви меѓу кој и францускиот како официјален
Vive la Francophonie!






По повод Деновите на Франкофонијата 2026, амбасадорот присуствуваше на приредбата „Франкофонијата на сцена“ во основното училиште „Димитар Миладинов“, организирана со уште десет други училишта од Скопје и со поддршка на Францускиот институт во Скопје. Песните, танците и театарот ги прикажаа динамичноста и креативноста на младите франкофони. Амбасадорот им честиташе на учениците и им се заблагодари на наставниците за нивната посветеност на францускиот јазик, кој претставува вистински мост меѓу нашите култури.
Исто така и тука нашите ученици заедно со нивните ментори наставничката по француски јазик Татјана Глигорова Божиновска и наставничката по музичко Гордана Арсовска го претставија нашето училиште со прекрасната изведба на песната “ On ecrit sur le mur”












