Средба со ООУ „Мустафа Кемал Ататурк“ од с. Количани

На ден 19. 5. 2023 година, нашето училиште во соработка со училиштетоМустафа Кемал Ататуркод с. Долно Количани, реализира заеднички активности, на тема: „Ден на млади и спорти одбележување на патронатот на училиштето.

Нашето училиште беше во посета на партнер-училиштето во с. Долно Количани кое не пречека со  играње на Правото оро и Пајдучкото оро во кое учествуваа учениците  од двете училишта.

Во дворот на  училиштето  имаше пригодна програма  во која учество земаа три училишта партнери со ова училиште и секое  училиште настапи со своја ритмичка точка.

  Учениците изработија електронски  цртеж  со фудбалска топка и имињата на двете училишта, го урамија и им го подарија на партнер-училиштето, исто така им подарија  икебана.

Посетата беше збогатена и со учество на спортски натпревар во фудбал за машки. Се играше турнир помеѓу училиштата, а девојчињата  навиваа.   Нашиот фудбалски тим беше под менторство на наставникот Александар Милојевиќ. Претставниците од Халк банка и Турската амбасада   на сите тимови во фудбал им доделија маици.

 По натпреварот учениците се дружеа и беа почестени со храна и сокови. Се дружеа и во библиотеката каде ги разгледуваа книгите на турски јазик.

Во посетата  присуствуваа  наставници одговорни за тимот на МИО од двете училишта,  кои одлично ги искординираа учениците.

На крајот си посакавме добро здравје и желба за следна  заедничка средба.

Тимот на МИО

za sajt 1

za sajt 6

za sajt 7

za sajt 3

za sajt 4

za sajt17

za sajt 8

za sajt 2

za sajt 5

za sajt 20

za sajt 18

za sajt 19

za sajt 10

za sajt 11

za sajt 12

za sajt 9

za sajt 16

za sajt 14

za sajt 15

za sajt 13

 

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.