Традиционална македонска и турска храна

На ден 3.11.2022 година, нашето училиште во соработка со училиштето „Мустафа Кемал Ататурк“ од с. Долно Количани, реализира заеднички мултиетнички активности, на тема: „Традиционална македонска и турска храна.“

 Партнер училиштето беше на гости во нашето училиште и на средбата учествуваа  по 16 ученици од секое училиште.

Секој од претставниците на училиштата ги презентираше изработките во Power Point презентација, која беше презентирана на другарчињата од училиштето партнер и беше објаснет секој слајд од страна на учениците водители.   Учениците изработија хамери, цртежи и песни кои беа прочитани на македонски и на турски јазик и презентираат традиционални македонски и турски јадења. Во овие активности учество земаа сите наставници од прво до деветто одделение, кои како ментори ги организираа учениците за одредена активност.

 Сите јадења од презентациите беа подготвени од страна на учениците.  Нашето училиште се претстави и со музика интерпретирана на музички инструменти  како дел од училишниот оркестар (синтисајзер, гитари, виолина, виолончело, ударни иструменти, а партнер училиштето отпеа песна на турски јазик.Исто така уцениците играа македонски и турски ора. Учениците од двете училишта  заеднички цртаа и боеа  на два хамера на темакултура, љубов, другарство заедно со наставничката по ликовно образование.

Посетата беше збогатена и со учество на спортски натпревар во фудбал за машките, а девојчињата имаа игри и беше одигран натпревар во  одбојка во училишната сала заедно со наставниците по физичко образование.

 Учениците од партнерското училиште ги посетија учениците од второ и трето одделение кои им подготвија подароци како: книга со рецепти, зимница, им поставуваа прашања во врска со омилените јадења и им интерпретираа песна на турски јазик која ја имаа подготвено.

Во активностите учествуваа наставниците одговорни за тимот на МИО од двете училишта, кои одлично ги искординираа учениците.

На крајот си посакавме добро здравје и желба за следна  заедничка средба.

Тимот на МИО

naslovna za video2

 

MIO 6

MIO 2

Picture1

Picture2

Picture3

MIO 12

MIO 10

MIO 13

MIO 11

mio14

mio15

MIO 4

MIO 5

MIO 3

MIO 1

mio16
MIO17

MIO 7

MIO 8

MIO 9

ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ

ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500

 

 

© 2016 OOUKRUMEKEPESKI. All Rights Reserved.