По повод одбележување на 3 Декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во нашето училиште беа реализирани креативни работилници под мотото„ Заедно можеме многу“, на кои земаа учество повеќе паралелки.

















По повод одбележување на 3 Декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во нашето училиште беа реализирани креативни работилници под мотото„ Заедно можеме многу“, на кои земаа учество повеќе паралелки.

















Во пресрет на меѓународниот ден на лицата со попреченост 03.12, се организираше есенска работилница со учениците од II-1 одделение заедно со нивните родители под мотото ,,Заедно можеме многу,, на тема ,,Шумски животни од природни материјали,,
Работилницата беше водена од одделенскиот наставник Антоанела Анѓеловска и образовниот асистент Марија Петрушева.
Учениците и нивните родители направија прекрасни изработки од материјали кои ги наоѓале во природата, а се типични за есента и есенскиот период кој сеуште е во ек. Во прилог може да ги погледнете сликите од нивната заедничка дружба.
















Во нашето училиште беше одбележан 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот Скопје. Ученици од литературната, рецитаторската и драмската секција, под менторство на Татјана, Пеливанова, Валентина Стаматовска и Билјана Дивјакоска, ги интерпретира литературните творби посветени на Скопје и на празникот 13 Ноември.
Приредбата започна со кус реферат подготвен од историската секција под менторство на наставникот Слободан Трајковски.
На крајот приредбата беше заокружена со музички нумери и се истакна хорот на „Круме Кепески“ предводени од наставничката по музичко Гордана Арсовска.








Одбележување на Детска недела под мотото Другарството е дел од детската среќа.
Честитки првачиња! Нека вашето детство биде исполнето со многу среќа, другарување, игри, гушкање и љубов ❤️








ДЕЛ ОД АТМОСФЕРАТА И ВО ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ




ООУ КРУМЕ КЕПЕСКИ
ул. Христо Татарчев бр. 46
Општина Кисела Вода
Скопје
1000
Република Македонија
+389.22777500